• петок, 05 декември 2025

Амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер во работна посета на Неготино 

Амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер во работна посета на Неготино 

Неготино, 20 ноември 2025 (МИА) - Амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер попладнево беше во работна посета на Неготино. Задоволство од средбата, изрази новата градоначалничка на оваа општина, Марија Нацева, на Фејсбук. 

- За амбасадорот „Неготино е главен град“,  алудирајќи на фактот што токму во нашиот град е отворена првата билингвална паралелка на француски јазик и нашиот град има посебно место и посебни врски во делот на соработката со Амбасадата на Франција. Како градоначалнчка на општина Неготино дадов ветување дека заедно со одговорните во СОУ „Свети Кирил и Методиј“ правиме и ќе продолжиме со поддршката за учениците кои имаат афинитети за изучување на францускиот јазик и негово подигнување на уште повисоко ниво, сподели таа. 

Притоа го информирала амбасадорот за приоритетите во нејзиниот мандат, меѓу кои се изградба на патна и комунална инфраструктура, реконструкција на градскиот плоштад, реконструкција на УЗ 8.1, нова противпожарна станица, реконструкција на старата социјална зграда и нејзина пренамена, како и модернизација на општина Неготино.

- Во делот на развојот на индустриските зони и можноста за инвестирање, амбасадорот Ле Риголер најави потенцијален интерес за инвестирање  во нашата општина од инвеститори од Република Франција, напиша Нацева. свд/вј/

Фото: Фејсбук на Нацева

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан