• недела, 05 мај 2024

Амбасадорот на БиХ, Јаќимовиќ во посета на Бигорски манастир

Амбасадорот на БиХ, Јаќимовиќ во посета на Бигорски манастир

Дебар, 5 август 2023 (МИА) - Во посета на Бигорскиот манастир денеска престојуваше амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.

Свештената Бигорска Обител на Светиот Јован Крстител, денеска ја посети Амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, неговата екселенција Драган Јаќимовиќ, заедно неговата сопруга Гордана Јаќимовиќ, информираа од манастирот.

- Почитуваните гости беа срдечно пречекани од нашиот возљубен Старец, епископот Антаниски г. Партениј, со кого споделија пријатни разговори и духовни искуства. Гостите потоа ги разгледаа манастирските објекти, се запознаа со историјата на храмот и Обителта, како и со манастирската мисија, додаваат од манастирот.

Заедно со амбасадорот биле и  дописникот за весникот „Политика” од Република Северна Македонија, Жељко Шајн и неговата сопруга Снежана Шајн.

Гостите биле воодушевени од убавината на манастирот кој сместен во пазувите на планината Бистра повеќе од илјада години гордо опстојува и говори за постоењето на православието на овие простори. вт/ев/

ФОТО: Бигорски манастир

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан