• петок, 22 ноември 2024

Амбасадорката на САД во ОН: Русија насилно пресели стотици илјади Украинци

Амбасадорката на САД во ОН: Русија насилно пресели стотици илјади Украинци
Вашингтон, 7 септември 2022 (МИА) - Русија насилно пресели стотици илјади Украинци, понекогаш во далечни области, откако изврши инвазија врз својот сосед, изјави денеска американската амбасадорка во Обединетите Нации (ОН), Линда Томас - Гринфилд, јави ДПА. Новинари и организации за човекови права документираа преселувања откако започна војната, граѓани беа принудени да ја преминат границата во Русија, а други во области на Украина под руска окупација. - Ние имаме докази дека Русите преселија стотици илјади украински државјани, вклучувајќи деца, изјави Томас - Гринфилд за американскиот радиодифузер Ен-пи-ар. Како што таа појасни, „тие се испрашувани, приведени, насилно депортирани“. - Некои се испратени до најоддалечените делови од источна Русија, близу севернокорејската граница, тие се пратени затоа што ова е обид на Русите да се поттисне отпорот, истакна таа. Томас - Гринфилд побара да им се дозволи на ОН и на организации за човекови права пристап до кампови каде се држат преселени Украинци. Москва ги карактеризира Украинците кои доаѓаат во Русија како бегалци кои се згрижени. бд/јт/

Остани поврзан