Ал Џезира: Се очекува Израел да ослободи 369 палестински затвореници утре
- Израел се очекува утре да ослободи 369 палестински затвореници, објави Медиумската служба за палестински затвореници (АСРА), пренесува Ал Џезира.
![Ал Џезира: Се очекува Израел да ослободи 369 палестински затвореници утре](https://mia.mk/images/20250214145516_big_730x400_39.webp )
Рамала, 14 февруари 2025 (МИА) - Израел се очекува утре да ослободи 369 палестински затвореници, објави Медиумската служба за палестински затвореници (АСРА), пренесува Ал Џезира.
Според АСРА, треба да бидат ослободени 36 затвореници осудени на доживотен затвор и 333 затвореници од Појасот Газа кои беа затворени без никакви обвиненија по нападот на 7 октомври 2023 година.
Претходно денеска, Хамас и палестинската група Исламски џихад ги објавија имињата на тројцата израелски заложници кои утре треба да бидат ослободени како дел од размената.
Од кабинетот на израелскиот премиер потврдија дека добиле список на заложници кои Хамас ќе ги ослободи утре, но одбија да кажат дали тоа ќе значи дека прекинот на огнот ќе продолжи. мс/
фото: ЕПА