• четврток, 15 мај 2025

Ал Наср и Роналдо без финале во азиската ЛШ

Ал Наср и Роналдо без финале во азиската ЛШ

 

Џеда, 30 април 2025 (МИА) – Саудиски Ал Наср, предводен од својата најголема ѕвезда, Португалецот Кристијано Роналдо, остана без пласман во финалето во Лигата на шампиони, откако вечерва во полуфиналето сензационално беше поразен од јапонски Кавасаки со 3-2.

Уште во 10 минута, Ито му донесе водство на Кавасаки од 1-0, но таа предност ја анулираше Садио Мане во 28 минута. Јапонскиот тим повторно дојде во водство на крајот од првото полувреме кога Озеки постигна гол за 2-1, додека Иенага стави печат на победата во 76 минута.

До крајот, Ал Наср успеа само да го намали резултатот на 2-3 со голот на Аиман Јахја во 87-та минута.

Противник на Кавасаки во финалето во азиската Лига на шампиони ќе биде саудиски Ал Ахли кој во вторникот го победи Ал Хилал со 3-1.

Финалниот натпревар помеѓу Ал Ахли и Кавасаки е закажан за в сабота, со почеток во 18:30 часот. И двата тима се борат за својот прв трофеј во историјата на Азиската Лига на шампиони. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан