• недела, 22 декември 2024

Алпин нема да го ангажира Мик Шумахер

Алпин нема да го ангажира Мик Шумахер

Енстон, 1 март 2024 (МИА) - Мик Шумахер нема да биде тест возач на Алпин оваа година. Тимскиот шеф Бруно Фамен изјави дека Германецот останува возач на Мерцедес, а ќе го претставува Алпин само во „ВЕЦ“ верзијата.

Во овој поглед, според Фамен, приватната тест програма од последните години на Алпин била наменета само за возачите на младинската програма - првенствено резервниот возач на тимот Џек Дуан.

-Не планираме никакви тестови за Мик Шумахер бидејќи наш резервен возач е Џек Дуан, а Мик во Ф1 е резервен возач на Мерцедес. Нашиот договор со Мик е само за трките на издржливост. Кога станува збор за избор на возачи за 2025 година, имаме многу опции. Иако сме доста задоволни со Пјер Гасли и Естебан Окон во моментов, никој не знае кога ќе започне пилотската битка на пазарот. Да, пред неколку недели ситуацијата беше под големо влијание на трансферот на Хамилтон, но ништо друго не се случи оттогаш, изјави Фамен. дс

Фото: Архива

Остани поврзан