• сабота, 17 август 2024

Алонсо: Џонатан Та е дел од моите планови, тој е многу важен играч за нас

Алонсо: Џонатан Та е дел од моите планови, тој е многу важен играч за нас

Леверкузен, 16 август 2024 (МИА) - Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, истакна дека дефанзивецот Џонатан Та продолжува да игра важна улога во тимот и покрај информациите дека е на прагот на преселба во ривалот од Бундеслигата, Баерн Минхен.

-Тој е дел од моите планови. Џонатан е многу важен за нас, изјави Алонсо на прес-конференција претходно денеска.

Според германските медиуми, раководството на Баерн направило чекор назад во преговорите бидејќи смета дека трансферната сума која ја бара Баер е висока, особено што договорот на Та со тимот од Леверкузен истекува во јуни 2025 година.

Ова значи дека Баварците можат да чекаат една година и да потпишат со крилниот напаѓач на слободен трансфер.

Германскиот шампион и домашниот куп-победник Баер Леверкузен сега главно се фокусирани на финалето на германскиот Суперкуп против Штутгарт, кое доаѓа во сабота и ќе го означи официјалниот почеток на сезоната за тимот.

-Возбудени сме што ќе ја започнеме сезоната утре. Играњето за Суперкупот е огромна мотивација за нас. Фокусирани сме, подготвени и тимот со нетрпение го очекува натпреварот, увери Чаби Алонсо.

Тој го остави без одговор прашањето кој ќе биде стартниот голман. Минатата сезона на постот наизменично се менуваа Лукаш Храдецка и Матеј Ковар.

-Ќе судиме натпревар по натпревар. Се уште немаме план, но потребна ни е добра конкуренција на секоја позиција, додаде тој.

Поради натпреварот од Суперкупот, екипите на Баер Леверкузен и Штутгарт ги одложија натпреварите од првото коло на турнирот во Купот на Германија за крајот на август. дс

Фото: Архива

Остани поврзан