• недела, 12 мај 2024

Алонсо за титулата: Ништо не е решено, ќе останеме фокусирани

Алонсо за титулата: Ништо не е решено, ќе останеме фокусирани

Леверкузен, 7 април 2024 (МИА) - Лидерот во германската Бундеслига, Баер Леверкузен, се приближи до една победа до историската прва титула во Германија по успехот од 1:0 на гостувањето кај Унион Берлин, и може да триумфира веќе следниот викенд дома со Вердер Бремен.

Доколку Баерн Минхен загуби од Келн, тимот на Баер ќе го освои трофејот уште пред нивниот натпревар, а гигантот од Минхен ќе остане без главниот тренер Томас Тухел, кој беше санкциониран со жолт картон при поразот од новајлијата Хајденхајм со 2:3. 

„Ништо не е решено. Ќе останеме фокусирани на нашиот натпревар во четврток против Вест Хем, а потоа можеби ќе имаме што да славиме во недела. Тоа го планирав малку подоцна, изјави Алонсо по мечот. дс

Фото: Твитер/Баер Леверкузен

Остани поврзан