Алонсо за Мбапе и Винисиус: Благослов е што Реал Мадрид има играчи на ова ниво
- Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, одговори на прашање за работата со напаѓачите на тимот, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.

Мадрид, 27 мај 2025 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, одговори на прашање за работата со напаѓачите на тимот, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.
„Пред се, благослов е да имаме играчи на ова ниво. И не само Килијан или Винисиус, туку и многу други. Но, тие се, без сомнение, двајца играчи кои прават разлика и од кои мора да добиеме сè. Бидејќи ако дадат сè од себе, тимот ќе победува повеќе, а тоа е она што го сакаме. Имам идеи како да ги искористиме заедно, но сè уште има време пред да се имплементираат. Многу е важно да се воспостави комуникација и да се разбере што сакаме и кој е правилниот начин. Тие се играчи на многу високо ниво и тоа е задачата што треба да ја решам, изјави Алонсо, цитиран од „АС“.
На 25 мај, Реал Мадрид го објави назначувањето на Алонсо за главен тренер на тимот. 43-годишниот Шпанец доби тригодишен договор. дс
Фото: Архива