Ал-Келаифи: Кварацхелија е еден од најистакнатите играчи во светскиот фудбал
- Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Келаифи е задоволен од ангажманот на фудбалерот за врска Квича Кварацхелија.

Париз, 18 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Келаифи е задоволен од ангажманот на фудбалерот за врска Квича Кварацхелија.
- Среќни сме што го донесовме Кварацхелија во семејството на ПСЖ. Тој е еден од најдобрите играчи во светскиот фудбал, фантастичен талент, но во исто време и играч со храброст и кој се бори пред се и основно за тимот. Квича беше решен да стане дел од нашиот голем клуб. Знам дека со нас ќе ги постигне сите свои цели, изјави Ал-Келаифи на официјалната веб-страница на ПСЖ.
Кварацхелија игра за Наполи од 2022 година. Вкупно за италијанскиот тим одигра 107 натпревари, постигна 30 голови и 29 асистенции.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 85 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА