• вторник, 23 април 2024

Алкараз: Со Синер можеме да создадеме ривалство во годините што доаѓаат

Алкараз: Со Синер можеме да создадеме ривалство во годините што доаѓаат

Мајами, 25 март 2024 (МИА) - Двократниот грен слем шампион, светскиот рекет број два, Карлос Алкараз именуваше спортист со кој може да создава ривалство долги години.

- Мислам дека сега фокусот би можел да биде на нашата конфронтација со Јаник Синер. Се надевам дека ни претстои долга и прекрасна иднина. Сакам да го покажам моето најдобро ниво и да продолжам да растам благодарение на успехот на Синер. Досега неговото ниво е неверојатно, изјави Алкараз за „ATP Tour“.

Двајцата тенисери учествуваат на турнир во Мајами (САД), кој се игра од 19 до 30 март. Синер влезе во четвртиот круг. 

Шпанецот во третото коло ќе игра со францускиот тенисер Гаел Монфис. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан