Алкараз се повлече од турнирот во Монте Карло
- Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска објави дека се повлекува од Мастерсот во Монте Карло поради повреда на мускулот на десната подлактница.

Монте Карло, 9 април 2024 (МИА) – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска објави дека се повлекува од Мастерсот во Монте Карло поради повреда на мускулот на десната подлактница.
„Тренирав во Монте Карло и се обидував до последен момент да се заздравам, но тоа не беше можно и морав да се повлечам“, напиша Алкараз на социјалната мрежа Икс.
Алкараз во второто коло требаше да игра против Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасим.
Шпанецот поради повреда го пропушти и минатогодишниот Мастерс во Монте Карло. ег ФОТО: Икс