• сабота, 25 мај 2024

„Алкалоид“ ќе донира „Омепразол“ во течна форма на Детската клиника и болницата во Козле

„Алкалоид“ ќе донира „Омепразол“ во течна форма на Детската клиника и болницата во Козле

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - На ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, „Алкалоид“ ќе им донира од иновативниот лек „Омепразол“ во течна форма – готов за употреба. Детали за донацијата, компанијата ќе соопшти денеска, на прес-конференција на Медицинскиот факултет при УКИМ.

За иновативниот лек „Омепразол“ во течна форма, „Алкалоид“ АД Скопје неодамна го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност.

- Поаѓајќи од нашиот врвен приоритет „Луѓето и здравјето пред сè“, во рамките на компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, потребните количини од овој уникатен и премиум производ ќе им бидат донирани на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, со цел олеснување на пристапот до соодветен третман во овој дел кај детската популација, велат од компанијата. ир/вг/


Фото: Скриншот

Остани поврзан