• сабота, 21 декември 2024

Алкалоид со шест од шест во А-групата од Супер лигата

Алкалоид со шест од шест во А-групата од Супер лигата

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид вчеравечер на гостувањето кај Куманово ја забележа шестата победа во шестиот натпревар од А-групата на Супер лигата.

Михајло Младеновиќ со девет гола беше најефикасниот играч во победничката екипа, Мартин Серафимов постигна шест погодоци.

Следниот меч на РК Алкалоид е дуелот со ГРК Тиквеш што ќе се игра во четврток, а потоа следи мечот од EHF Eвропската лига против екипата на РК Војводина.

Двојки за другите три натпревари од 6. коло:
Тиквеш – Скопје (денес 19:30 часот)
Струга – Еурофарм Пелистер 2 (утре 16 часот)
Охрид – Аеродром (утре 18:30 часот).

Табела: Алкалоид 18 бода, Тиквеш 15, Охрид 9, Аеродром 9, Струга 6, Еурофарм Пелистер 2 3, Куманово 1, Скопје 1. зс/

Остани поврзан