• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Алкалоид пред полни трибини ќе го пречека АЕК во реваншот на Европскиот куп

Алкалоид пред полни трибини ќе го пречека АЕК во реваншот на Европскиот куп

Скопје, 21 мај 2025 (МИА) – Нема повеќе билети за историското финале на РК Алкалоид кој в недела ќе го пречека АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп.

- Продадени се сите билети за натпреварот меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина што ќе се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот.

Вашата поддршката многу ни значи!

Ви благодариме!💙🤍

Достоинствено да навиваме и да го поддржиме нашиот клуб во големото европско финале, на патот до европска титула!🇲🇰🏆

Се гледаме во сала!👋-стои во соопштените на Алкалоид.

Македонскиот тим на првиот натпревар забележа победа со 29:25. зс/

Фото: РК Алкалоид

Остани поврзан