• петок, 22 ноември 2024

Али Ахмети: Секогаш сме работеле за мир и стабилност, заедно да ја градиме иднината во Европа

Али Ахмети: Секогаш сме работеле за мир и стабилност, заедно да ја градиме иднината во Европа

Скопје, 3 февруари 2023

Претседателот на ДУИ Али Ахмети вечерва ги продолжи средбите со граѓаните, овој пат со жителите на општина Јегуновце. Покрај претседателот Ахмети, говор пред присутните одржаа и првиот потпретседател на Владата Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи, пратеничката Фиснике Бектеши Шаќири и претседателот на огранокот на ДУИ во Јегуновце, Елдин Адеми.

Али Ахмети – претседател на ДУИ

Вечерва сме во Шемшово, во оваа сала каде што требаше да ја отвориме заедно со колегата Абдилаќим Адеми, но невидливиот непријател ни го одзеде нашиот близок, како да ми се скрши една од рацете бидејќи мојот  најблизок соработник го имав со години, затоа што заедно ги споделувавме добрите работи, успесите, но и разочарувањата. Започнав вака бидејќи и со Абдилаќим Адеми многу пати разговаравме на темата за која ќе зборувам, бидејќи тие вршеа проверка на целата политичка класа и како таква се бара од сите институции оваа акција да се одвива, дури и со меѓународен надзор. Оној што го прекршува законот и дадената доверба нека трпи и нека ја плати казната. Нашата политика беше обединување, промовирање единство и придвижување на процесите напред. Абдилаќим многу помогна во приближувањето на важните процеси на земјата. Овој идеал на Адбилаќим ја извади на површина идејата за обединување на луѓето околу обединета Европа. Се наоѓаме во историски и одлучувачки моменти, па да ги оставиме зад себе остатоците и ситниците, бидејќи ние сме храбра генерација и тоа го имаме докажано. Сигурен сум дека тоа ќе се направи, дека Албанците се на страната на Европа и се дел од неа. На стабилноста на Европа и треба Македонија, во насока на спречување на миграцијата и создавање услови за подобар стандард во земјата. Ние сме дел од овој проевропски фронт затоа што тој е важен за сите нас и ќе обезбеди подобар живот за идните генерации.  Абдилаќим беше особено посветен на образованието и квалитетот на образованието, на изградбата на училишта, сали и универзитети. Бев со него рамо до рамо, исто како што сум денес со нашите министри, заменици министри и директори. Имаме квалитетна младина која знае странски јазици, да не  претстави со бел образ , затоа не запирајате ги младите туку мотивирајте ги. Секогаш ни требаат чесни, вешти и стручни специјалисти, бидејќи само така општеството може да се развива и оди напред. Придонесот на Абдилаќим Адеми е голем, тој достојно не претставувал секаде каде што бил, па и вие како млади земете го како мотивација. Секогаш сме работеле да има мир и стабилност не само за нашата земја, туку и за целиот регион, да се бориме против злото и да најдеме заеднички јазик. Не смееме да го заборавиме минатото, но мораме да ја градиме иднината. Јас не сум политичар на телевизиските екрани или на канцелариите, туку доаѓам од друга област која ги знае проблемите на народот, па затоа сум покрај вас секогаш да ве слушам, рече Ахмети.

Артан Груби – прв вицепремиер

На овие средби, ние сме тука да ве сослушаме, како и да ја оцениме нашата досегашна работа. Денеска имавме два владини состаноци и на состанокот на Управниот одбор за Коридорот 8 и 10д увидовме потреба од владина седница, се одржа седницата и се вративме на состанокот. Беа одобрени сите одлуки, преговорите за изградба на проектот да започнат во понеделник и да траат 21 ден, а потоа ќе се потпише конечниот договор. Државниот буџет лани изнесуваше 465 милиони евра, што е најголем процент во последните десет години и покрај пандемијата  и енергетската криза. Минималната плата достигна 18.000 денари, просечната плата се зголеми, невработеноста се намали, се развија слободните економски зони, изградивме училишта, градинки и други инвестиции. Во Чаир градиме голема градинка, со многу високи стандарди, а преку институциите ги унапредивме и Албанците. Од месец март се зголемува минималната плата како и останатите административни плати. Точка по точка ја спроведуваме програмата на ДУИ. Кој му застанува на патот на силниот Албанец и на најмоќната партија-ДУИ во Македонија? Кога го направивме Охридскиот рамковен договор, договорот со Грција, НАТО, ЕУ... ДУИ немаше ништо тајно, секој наш проект е транспарентен и се изнесува на маса. Сакаме силна Македонија со сите народи што живеат тука. Значи влажниот барут на Мицкоски има само една цел, да го држи народот под страв и поделеност, страв од Грците, Бугарите, Албанците итн... Политиката на страв е политика на регресија, но не ни треба, нам ни треба напредок. Никој од нас не прави финти, туку само реализираме проекти и ги исполнуваме дадените ветувањата, нагласи Груби.

Бујар Османи – министер за надворешни работи

Во оваа општина во сите настани сум бил присутен бидејќи тука е родното место на нашиот пријател, Адбилаќим Адеми. Нашата држава има стабилност, но има други држави кои се неподготвени, порано бевме важевме како нестабилна земја, со можност  да го нарушиме мирот и соседството што некој го користеше ова како што сака. Сега оваа пролет на конфликти не функционира, бидејќи веќе не сме резервна земја за криза, сега дури и сепаратистите разбраа дека причината зошто во оваа земја повеќе нема конфликти, туку има стабилност е токму Али Ахмети. Оваа кампања сега се концентрира само на една точка, а тоа е Европската Унија. Оваа година Северна Македонија мора да ја помине точката од која нема враќање, уставните измени се клучниот момент за Северна Македонија затоа потребно е да покажеме  внимателност и единство, да го завршиме проектот „Заедно за Европа“. Сакам да го цитирам лидерот Ахмети, кој рече дека државата во ЕУ ја водат Албанците и Македонците, но би рекол дека сега сме зајакнати од НАТО и ЕУ. Ние веќе го имаме НАТО и ќе ја имаме и ЕУ, појасни Османи.

Фисник Шаќири Бектеши - пратеничка

Денеска ќе направиме преглед на работата што ја направивме и што треба да се направи во иднина бидејќи носењето јавна функција е одговорност. Ако направиме споредба од 2001 година до денес, разликата е многу голема и очигледна. Војната се водеше за нашите права, за знамето, јазикот, универзитетите, институциите и застапеноста во администрацијата. Имаше војна, но тоа беше направено за да се донесе мир и правда во оваа земја. Токму Али Ахмети ја направи земјата членка на НАТО, а сега пред нас го имаме поглавјето за членство во ЕУ. Со уставните измени ќе се промени и иднината на оваа држава, оцени Бектеши Шаќири.

Елдин Адеми – претседател на огранокот на ДУИ Јегуновце

ДУИ отсекогаш била позната како прогресивна партија, која напредувала проевропаска и американска политика. ДУИ е вредност која отсекогаш претставувала вредност за целиот народ, партија која ги брои достигнувањата и не правела горди сите нас. Во име на жртвите, на идните генерации и на оние кои повеќе не се меѓу нас, бараме поддршка за нашиот проевропски фронт, истакна Адеми.

Демократска унија за интеграција - ДУИ

 __________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан