• среда, 03 јули 2024

Алијанса за Албанците: Етничкото чистење на Албанците во институциите продолжи во здравствениот сектор на чело со Таравари

Алијанса за Албанците: Етничкото чистење на Албанците во институциите продолжи во здравствениот сектор на чело со Таравари

Скопје, 3 јули 2024

Етничкото чистење на Албанците во институциите кое започна со намалувањето на процентот во Балансер, продолжува со здравствениот сектор на чело со Арбен Таравари. Денеска за жал беше објавено дека директорот на Клиниката за токсикологија, поставен од самиот Таравари, отпуштил 18 Албанци. Во меѓувреме, голем број вработени во други клиники алармираат дека добиле предупредувања дека многу брзо може да ја имаат истата судбина.

Го повикуваме Таравар и коалицијата ВЛЕН да престанат со оваа сервилност сега веќе со сериозни последици за Албанците. Јавно ги прашуваме дали е ова делувањето што толку помпезно ја најавија и промената што им ја ветуваа на Албанците во кампањата. Со оваа промена навистина ги спроведувате политиките на Мицкоски „Македонија повторно твоја“!

Алијанса за Албанците 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан