• петок, 05 декември 2025

Алексовски: Ќе се залагаме за нови капитални дела за Тетово, изградба на подземни и катни гаражи и паркинг простори, обнова на постојните зелени површини

Алексовски: Ќе се залагаме за нови капитални дела за Тетово, изградба на подземни и катни гаражи и паркинг простори, обнова на постојните зелени површини

Тетово, 11 октомври 2025 (МИА) - Живе Алексовски, носител на листата со кандидати за советници за Општина Тетово од Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија и коалицијата се обрати на граѓанската трибина под мотото „Се бориме за нашиот дом“ што вечерва се одржа во Тетово.

Алексовски посочи дека во изминатиот период во тетовската јавноста се отвораат бројни дилеми за постапките на локалната власт помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Биљал Касами, како што е вели, целосно уништување на улицата „Борис Кидрич“, системско уништување сите локали, кафетерии и ресторани, одлуката на Советот, Градскиот стадион во Тетово да и биде доделен само на една екипа, а беше изграден со средствата на сите тетовчани.

Алексовски рече дека отсекогаш, според него, капиталните дела во Тетово ги реализира СДСМ и во таа насока како советничка група ќе се залагаат за повеќе нови проекти.

- Ќе се залагаме Тетово да добие велосипедски патеки по главните булевари, изградба на подземни и катни гаражи и паркинг простори, обнова на постојните зелени површини. Изградба на нов парк на локацијата помеѓу булевар „Видое Смилевски-Бато“ и улицата „Љубо Божиноски-Пиш“ кај тениските игралишта. Изградба на нов старски дом и место за собирање на пензионерите во градот. Изградба и обнова на надворешните спортски терени во училиштата, како места каде младите можат да поминуваат своето слободно време и не дозволување истите да се користат како паркинг простор за време на летниот период. Залагање за обнова на месно организирање на граѓаните кои ќе бидат основна клетка за комуникација со општинската администрација, истакна Алексовски.

На крајот тој рече дека ќе се заложи и ветува дека како советници нема да дозволат промена на имињата на улиците во Тетово. ас/вг/


фото СДСМ 

Остани поврзан