• понеделник, 23 декември 2024

Алегри: Целта е Јувентус да биде во ЛШ, а потоа управата ќе одлучи за мене

Алегри: Целта е Јувентус да биде во ЛШ, а потоа управата ќе одлучи за мене

Торино, 12 април 2024 (МИА) - Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри повторно призна дека не знае дали ќе остане на чело на тимот и следната сезона. Во принцип, тој е врзан за клубот до летото 2025 година, но според многумина, тој сега ќе си замине.

-Целта е место во ЛШ, бидејќи се работи за 100 милиони евра. А за мојата иднина, како и секогаш, клубот ќе одлучи што е најдобро. Пред почетокот на сезоната, пред нас беа поставени две цели: пласман во ЛШ и освојување на Купот на Италија. Сега е важно да останеме заедно и да се бориме. Местото во ЛШ е приоритет и од финансиски причини не можеме да дозволиме да бидеме изоставени од турнирот, потсети Алегри.

Вчера сопственикот на Јуве, Џон Елкан прецизираше дека актуелната сезона е „нула“ за клубот под водство на новиот спортски директор Кристијано Џунтоли. Пред една година тој уверуваше дека Алегри е клучна фигура за иднината на тимот од Торино.

-Работата во Јуве ќе продолжи и во наредните години со новиот директор Џунтоли. Задачата беше да внесеме фудбалери од школата во тимот и мислам дека тоа го исполнивме, убеден е тренерот.

Во следното коло во Серија А, Јувентус за противник ќе го има градскиот ривал Торино.

-Треба да работиме напорно овој месец. Многу е важно да имаме шанси до самиот крај. А особено откако Торино има 15 „суви мрежи“ во текот на сезоната, што значи дека дозволуваат по еден гол на два меча. Ова дерби е секогаш посебно, заклучи Алегри. дс

Фото: Архива

Остани поврзан