• петок, 22 ноември 2024

Алегри по ремито со Верона: Не излегуваме на теренот со победнички став

Алегри по ремито со Верона: Не излегуваме на теренот со победнички став

Торино, 18 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри воопшто не беше задоволен од ремито против Верона (2:2). 

„Старата дама“ не успеа да победи против еден од аутсајдерите во Серија „А“ и веќе заостанува 9 бода зад лидерот Интер.

- Можевме и да го загубиме натпреварот, иако пропуштивме 3-4 чисти шанси. Не излегуваме на терен со истиот став кој не тераше да победуваме како во првите 4 месеци од сезоната. Фудбалот е таков спорт што можеш долго да градиш нешто и многу брзо да го уништиш, нагласи тренерот на „бјанконерите“. 

Тимот освои само 2 бода од последните 4 натпревари, а според Алегри, фудбалерите мора да се вратат во претходната форма, но тоа нема да биде лесно. 

- Се трудиме, не играме лошо, но во оваа фаза не е доволно за победи, изјави искусниот стручњак по мечот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан