• недела, 22 декември 2024

Алегри бара клуб со амбиции

Алегри бара клуб со амбиции
Рим, 6 јули 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилијано Алегри е подготвен да се врати на работа. Педесет и двегодишниот специјалист го напушти клубот од Торино во јуни 2019 година и оттогаш е без ангажман. - Се одморив, ги наполнив батериите и останав со семејството во Ливорно. Без разлика каде, јас барам клуб кој има големи натпреварувачки и победнички амбиции, изјави Алегри. На прашањето дали би прифатил тим од Шампионат на Шпанија, италијанскиот фудбаски стручњак со одговор: „А кој ќе одговори со НЕ на ова прашање“. Претходно беше објавено дека за Алегри се заинтересирани Пари Сен-Жермен и Манчестер јунајтед. зс/

Остани поврзан