Алгуасил ја напушта клупата на Реал Сосиедад
- Иманол Алгуасил ќе го напушти Реал Сосиедад на крајот на сезоната, објави денеска баскискиот клуб на социјалните мрежи.

Сосиедад, 24 април 2025 (МИА) – Иманол Алгуасил ќе го напушти Реал Сосиедад на крајот на сезоната, објави денеска баскискиот клуб на социјалните мрежи.
Алгуасил го презеде сениорскиот тим на Реал Сосиедад во декември 2018 година, а пред тоа беше тренер во младинската академија на баскискиот клуб и тренер на Б тимот, како и помошник тренер на сениорскиот тим.
Во финалето на Копа дел Реј кое се одигра на 3 април 2021 година, Алгуасил го предводеше Реал Сосиедад до титулата со победата од 1-0 против Атлетик Билбао.
Финалето беше пролонгирано една година пандемијата на коронавирус, а тоа беше првиот трофеј на баскискиот клуб од 1987 година. ег
ФОТО: Реал Сосиедад/Икс