• понеделник, 28 октомври 2024

Алба за поразот од Швајцарија: Ги разочаравме нашите навивачи

Алба за поразот од Швајцарија: Ги разочаравме нашите навивачи
Сарагоса, 25 септември 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Шпанија, Жорди Алба е разочаран од натпреварот во Лигата на нации против Швајцарија. Шпанците синоќа во Сарагоса загубија со 1:2, што е нивни прв домашен пораз по 19 години. - Ценам што тренерот продолжува да ми верува и моја задача е да му ја вратам оваа доверба на теренот. Имавме добра шанса и сега ни останува само да ја победиме Португалија. Ќе одиме со голема желба да победиме и да се пласираме на „фајнл форот“. Ова што се случи денеска е срам, ги разочаравме луѓето кои не поддржуваат. Бевме многу напнати во првото полувреме, а противникот поведе на средбата. Можевме да го израмниме резултатот, што беше тешко, но тие речиси веднаш постигнаа гол против нас по нашата следна грешка во одбраната, го цитира Алба „Мундо Депортиво“. Во групата 2 од дивизијата А првото место го зазема Португалија (10 бода), второто Шпанија (8 бодови), третото Швајцарија (6 бодови), а четвртото Чешка (4 бодови). зс/

Остани поврзан