• четврток, 04 декември 2025

Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија

Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија

Дебар, 15 октомври 2025 (МИА) - Албанската полиција привела жител на пограничното село Маќелари, поради шверц на стока од македонска територијата, како и царински службеници за помагање во делото.

-Приведен е А.Ц.(42) жител на село Маќелари во чие возило „Опел" откриена е поголема количина детергенти и друга стока, прошверцува од Македонија,  преку граничниот премин „Блато". Приведени се и двајца царински службеници, за корупција и злоупотреба на службената положба, соопшти полицијата.

Запленети се стоката, возилото со кое била транспортирана, како и поголема суми пари во различни валути. вт/


Фото: албанска полиција

Остани поврзан