• среда, 09 октомври 2024

Албанија: Под истрага агенти на Националното биро за истраги, споделувале информации со државни функционери

Албанија: Под истрага агенти на Националното биро за истраги, споделувале информации со државни функционери

Тирана, 14 септември 2024 (МИА) - Албанското Специјално обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, почнало опсежна истрага во редовите на агентите на Националното биро (БКХ) за истраги, за да го открие „кртот" меѓу нив.

Од Бирото, на функционери им биле  пренесувани информации добиени од европските агенции, од разговори на криминалните групи на „СКАЈ". 

Ова го изјави Ервин Карамучо, експерт и професор по криминологија  во емисијата „Топ стори“, на Топ чанел, осврнувајќи се на вчерашниот настап на пленарната седница во Собранието, кога демократот Газмент Барди на говорницата прочита некои разговори за кои тврдеше дека се од апликацијата „СКАЈ“.

- Некои се објавени и веќе циркулираат во јавноста. Ова е загрижувачко, бидејќи странските агенции не ги доставуваат кај нас за да ги однесеме во Собрание, туку за истрагите на СПАК и да ги доведат под кривична одговорност полицијата и другите функционери. Тоа што сега се случува е дека некој поткажува, намерно или не, не знам, но прави многу голема грешка, оценува Карамучо.

Додава дека освен во Бирото темелна истрага за откривање на покажувачот/чите ќе има и во СПАК. вт/

Остани поврзан