Акција за спасување холандски параглајдерист на Галичица
- Како што информираат од ЦУК, станува збор за холандски параглајдерист кој паднал и најверојатно има скршен 'рбет.
![Акција за спасување холандски параглајдерист на Галичица](https://mia.mk/images/20230802164551_big_730x400_80.webp )
Скопје, 2 август 2023 (МИА) - Центарот за управување со кризи организира спасувачка мисија на Галичица.
Како што информираа попланево од ЦУК, станува збор за холандски параглајдерист кој паднал и најверојатно има скршен 'рбет.
Повеќе детали од надлежните се очекуваат наскоро. дма/лв/
Фото: МИА архива