• петок, 05 декември 2025

Акција за чистење на охридската чаршија

Акција за чистење на охридската чаршија

Охрид, 29 јули 2025 (МИА) – Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ ноќеска спроведоа акција за генерално чистење и миење на охридската чаршија.

Во рамки на активностите извршено е темелно рачно чистење на каменот од тврдокорни наслаги и нечистотии со употреба на специјално средство за нивно отстранување, а потоа се реализира и машинско миење на чаршијата.

Одржувањето на хигиената на најфреквентната пешачка зона во градот е од највисок приоритет за оперативните служби, посочуваат од „Охридски комуналец“. аб/вг/

фото: Охридски комуналец

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан