• понеделник, 01 јули 2024

Акција за одложување на кабаст отпад во Карпош

Акција за одложување на кабаст отпад во Карпош
Скопје, 14 мај 2021 (МИА) - На четири локации низ Карпош ќе бидат поставени големи контејнери за одложување на кабастиот отпад од домаќинствата. Станува збор за акција на општина Карпош и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, која ќе се спроведе во периодот од 18 до 22 мај 2021 година. Од прес-службата на Општина Карпош информират дека граѓаните можат да го одложат мебелот, електронскиот и електричен отпад на четирите локации: Влае 2, позади Порта Влае, кај автобуската постојка; Тафталиџе 2, на улицата „Женевска“ (автобуска постојка на последна „24 – ка“); Козле, во близина на ресторанот „Македонска куќа“  и во Долно Нерези, на улица „Ванчо Мицков“ . Од општината ги повикуваат граѓани, кои планираат да го одложат кабастиот отпад, тоа да го сторат во посочениот временски период и исклучиво во овие наменски контејнери. - Оставањето на овој вид отпад, во близина на контејнерите за одложување на домашниот комунален отпад е казниво и придонесува за загадување на околината. Во оваа прилика, информираме дека е активен и пунктот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, во Карпош 3, долж бул. „Илинден“ (позади бензинската станица „Макпетрол“), каде што граѓаните можат да одложат кабаст отпад, посочуваат од општината.фф/дма/

Остани поврзан