Акциска контрола во угостителски објекти во Скопје
- Во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, полицијата во период од 00:00 до 02:00 часот спроведе акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје.

Скопје, 7 август 2022 (МИА) - Во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, полицијата во период од 00:00 до 02:00 часот спроведе акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје.
-При контролата, во еден угостителски објект биле затекнати пет малолетници по полноќ. По документирање на случајот против лицата и правни субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира Министерството за внатрешни работи.
Воедно, од МВР додаваат дека од претставниците на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат биле констатирани прекршоци во контролираните објекти за што ќе бидат изречени соодветни санкции. ки/цр