Активен пожарот кај росоманското село Крушевица
- Активен е пожарот кај росоманското село Крушевица, информираше попладнево градоначалникот Стојан Николов.

Росоман, 18 јули 2024 (МИА) - Активен е пожарот кај росоманското село Крушевица, информираше попладнево градоначалникот Стојан Николов.
-Борбата со огнената стихија што ги зафати атарите на селата Мрзен, Сирково и Крушевица продолжува и денеска. Во моментов се вложуваат напори и за спас на Крушевица. Благодарност до сите доброволци, ТППЕ Кавадарци а огромна благодарност и за подршката од воздух со ер тракторите, без кои борбата би била уште потешка. Заедно ќе ја победиме и оваа битка, напиша Николов на Фејсбук.
Упати апел за одговорно однесување на отворен простор на овие високи температури, со цел намалување на заканите од пожари. свд/
Фото: Фејсбук на Стојан Николов