• четврток, 01 август 2024

Активен пожарот во Старо Нагоричане, во Куманово состојбата стабилна

Активен пожарот во Старо Нагоричане, во Куманово состојбата стабилна

Куманово, 1 август 2024 (МИА) - Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане во селата Малотино и Рамно, додека на подрачјето на Куманово нема активни пожари, информираа денеска од Центарот за управување со кризи и од територијалните противпожарни единици на Старо Нагоричане и Куманово.

Во Малотино и Рамно гори мешана шума.

- Пожарот во општина Старо Нагоричане  се гаси со два  хеликоптери, македонски и српски. Девет пожарникари од нашата единица, 30 припадници на Армијата, пет припадници од „Национални шуми“, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

Пожарот вчера се префрли во боровата шума. Покрај екипи на противпожарни единици на Старо Нагоричане и соседните општини, во гасењето беа вклучени и две теренски возила на „Национални шуми“ од кумановската и од подружницата од сесдна општина Крива Паланка.

На подрачјето на општина Куманово, нема активни пожари. Три интервенции имале и пожарникаите од Куманово, гаселе сува трева и стрниште во Романовце, во Ново Село  и во населбата „Бабинн дол“.

- Испратено е возило за поддршка при гасење на пожари  во оптина Старо Нагоричане, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски. ам/цр


Фото: МИА

Остани поврзан