• понеделник, 25 ноември 2024

АИ повторно ги обвини САД за страдање на цивилите во операциите во Сомалија

АИ повторно ги обвини САД за страдање на цивилите во операциите во Сомалија
Јоханесбург, 1 април 2020 (МИА) – Меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешенел “соопшти дека во воздушните напади на американските воени сили во Африка (АФРИЦОМ) врз позиции на екстремистичката група Ал Шабаб во Сомалија убиени се двајца и повредени тројца цивили. Американската армија досега ги негираше цивилните жртви  и најави дека ќе почне да ги објавува во редовните тримесечни извештаи за операциите во Соламија. Во денеска објавениот извештај на АИ се наведува дека во два напада на 2 и на 24 февруари загинале една девојка и еден маж. Американската армија за двата случаи објави дека се убиени припадници на Ал Шабаб, под чија контрола се делови на централна и јужна Сомалија и организира самоубиствени бомбашки напади во главнито град Могадишу. АИ во извештајот ја предупредува армијата на САД дека не смее да дозволи цивилните жртви да се означуваат како терористи. Во минатогодишниот извештај на АИ за воздушните напади на САД во Соламија се наведува дека загинале 14цивили во пет воздушни напади во изминатите две години. САД имаа извршено стотина воздушни напади врз позициите на екстремистите во Сомалија во изминатите десетина година, а од почетокот на 2020 година преземени се над 30 напади. Но, само во еден случај америкаската армија призна дека настрадале цивили. Неколку часа пред објавување на најновиот извештај на АИ, главната команда на АФРИЦОМ соопшти дека работи на поголема транспарентност на операциите и ќе објавува за цивилните жртви и повредени при нападите во тримесечните извештаи.

Остани поврзан