• недела, 22 декември 2024

АИ ги осудува систематските произволни апсења во Венецуела

АИ  ги осудува систематските произволни апсења во Венецуела

Лондон, 29 август 2023 (МИА) - „Амнести интернешенел“ денеска ги осуди „произволните притворања од политички причини“ во Венецуела, укажувајќи на „систематски напади“ врз населението и повика да се ослободат околу 300 лица, кои се сметаат за политички затвореници, пренесуваат француските медиуми.

„Произволните политички мотивирани притворања во Венецуела продолжуваат да бидат дел од систематски и широко распространетите напади врз народот во оваа земја“, напиша невладината организација во својот нов извештај „Arrested Life“ за притворите во Венецуела меѓу 2018 и 2023 година.

„Ова има за цел да ги замолчи луѓето кои не се согласуваат со владата на Николас Мадуро или со постигнувањето на други политички цели“, додаде невладината организација.

„Разновидноста на профилите на произволно притворените лица во Венецуела покажува дека прогонот не е насочен само кон неистомисленици, туку е и начин да се испрати порака за заплашување до роднините на притвораните“, се додава во извештајот.

„Амнести интернешенел“ особено го истакнува „озлогласениот недостаток на независност на судскиот систем, прекумерните максимални казни, покренувањето обвинение против поединци во специјализирани судови кои разгледуваат случаи поврзани со тероризам“.

Организацијата, исто така, идентификуваше „шеми“ во притворите: без налог и често „тајни“, при што притворениците се „изолирани“.

„Правото на слобода, правично судење, интегритет и слобода од тортура или малтретирање често се прекршуваат кога се користат овие практики“, пишува невладината организација. сд/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан