Азербејџан ја обвини Ерменија за напад врз негови позиции, Ереван демантира
- Азербејџан обвини дека ерменските сили утрово нападнале азербејџански позиции од областа Сјуник во Ерменија – тврдење што Ереван го отфрли како невистинито.

Баку, 16 март 2025 (МИА) – Азербејџан обвини дека ерменските сили утрово нападнале азербејџански позиции од областа Сјуник во Ерменија – тврдење што Ереван го отфрли како невистинито.
Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека ерменските сили пукале со лесно огнено оружје од реонот на Горис, без да даде дополнителни детали.
Ерменското Министерство за одбрана веднаш го демантираше ова тврдење.
На 13 март, Баку и Ереван објавија дека се усогласиле околу нацрт-текстот на мировниот договор што треба да стави крај на четиридеценискиот конфликт меѓу двете држави. ссм/
фото: архива