• сабота, 27 јули 2024

Азербејџан презема контрола над четири села на границата со Ерменија како дел од договоr

Азербејџан презема контрола над четири села на границата со Ерменија како дел од договоr

Баку, 24 мај 2024 (МИА) - Азербејџанската гранична служба презеде контрола над четири села во регионот Газах на границата со Ерменија според договорот постигнат со Ереван.

Во април, Ерменија соопшти дека ќе му ги врати ненаселените села на Азербејџан, за што двете страни тогаш рекоа дека е пресвртница на патот кон мировниот договор меѓу Ереван и Баку.

Одлуката на ерменскиот премиер Никол Пашинјан (да се согласи овие села да се префрлат на Азербејџан) предизвика протести во земјата. зш/

Остани поврзан