Администрацијата на Трамп ќе ја обжали судската одлука за блокирање на смената на Лиса Кук од ФЕД
- „Претседателот законски ја отстрани Лиса Кук од нејзината позиција од основана причина. Администрацијата ќе се жали на оваа одлука и се надева на конечна победа во случајот“, изјави Куш Десаи, портпарол на Белата куќа, цитиран од британските медиуми
Вашингтон, 16 септември 2025 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја обжали одлуката на Апелацискиот суд на САД дека членката на Одборот на Федералните резерви, Лиса Кук, може да остане на својата позиција откако беше отпуштена од Трамп.
„Претседателот законски ја отстрани Лиса Кук од нејзината позиција од основана причина. Администрацијата ќе се жали на оваа одлука и се надева на конечна победа во случајот“, изјави Куш Десаи, портпарол на Белата куќа, цитиран од британските медиуми. сд/
фото:МИА архива