• вторник, 14 мај 2024

Администрацијата на Бајден најави автоматско отпишување на студентски долгови за 153 илјади луѓе

Администрацијата на Бајден најави автоматско отпишување на студентски долгови за 153 илјади луѓе

Вашингтон, 22 февруари 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави автоматско отпишување на федералните студентски заеми во вредност од 1,2 милијарди долари за речиси 153.000 кредитокорисници кои се подобни според програмата што се користи за исполнување на неговите ветувања за зголемување на простувањето на студентските заеми.

Бајден, кој се очекува во ноември да се бори за нов претседателски мандат, минатата година вети дека ќе најде други начини за справување со олеснување на долгот, откако Врховниот суд во јуни го блокираше неговиот поширок план за отпишување на студентските долгови во вредност од 430 милијарди долари.

Бајден е на тридневна предизборна турнеја низ Калифорнија и ја објави одлуката како дел од новиот план за отплата што нуди побрз пат до простување на долговите.  Администрацијата на Бајден денеска како дел од програмата SAVE, како што ја нарече Белата куќа, почна да испраќа мејлови со известувања до голем број кредиторисници.

Отпишувањето на студентските долгови требаше да започне во јули оваа година, но администрацијата на Бајден во јануари објави дека ќе биде подготвена цели шест месеци пред предвиденото. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан