• четврток, 21 ноември 2024

Адетокунбо: Можев да одам во супер тим, но го избрав потешкиот пат до титулата

Адетокунбо: Можев да одам во супер тим, но го избрав потешкиот пат до титулата
Милвоки, 21 јули 2021 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Милвоки, Јанис Адетокунбо, ги искажа своите впечатоци по освојување на својата прва титула во кариерата. -Можев да одам во супер тим и да станам шампион само со тоа што ќе се појавам во тимот. Но, јас го избрав потешкиот пат до титулата. Ова е патот по кој сите поминавме заедно. И ние го сторивме тоа, им рече Јанис на новинарите по триумфот над Феникс (105:98) рано утрово во шестиот дуел од финалната серија (4-2 во победи). Исто така во својот говор, МВП на финалето во 2021 година им се заблагодари на Бакс за довербата. Клубот од Висконсин го избра Јанис како 15. пик на драфтот во 2013 година и веднаш му даде шанса на тогашниот млад кошаркар од грчката Втора лига. зс/

Остани поврзан