• среда, 15 мај 2024

Адетокунбо: Бев МВП во последните пет сезони

Адетокунбо: Бев МВП во последните пет сезони

Милвоки, 10 април 2023 (МИА) – Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, одговори на прашањето дали ја заслужи третата награда за МВП во сезоната од НБА-лигата.

 

- Себеси се сметам за најкорисен играч во НБА во последните пет сезони. Дали сакам трета награда за мојата колекција? Да, секако дека сакам трета фигурина. Секогаш сакам да бидам прв. Се трудам да го направам мојот тим успешен. За ова ме плаќаат. Затоа сум тука. Никогаш нема да бидам тој што дискредитира нечија работа, потценува туѓи успеси. Јас не сум таков човек. И никогаш нема да молам за наградата МВП што мислам дека ја заслужувам. Многу сум горд што можам да играм на ниво на МВП бидејќи тоа значи дека го правам мојот тим успешен. Ова е целта, изјави Гркот.

Најголеми фаворити за наградата најкорисен кошаркар во НБА-лигата се Џоел Ембид од Филаделфија и Никола Јокиќ од Денвер. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан