Агресивно се однесувал кон полициски службеници, приведен жител на демиркаписко село
- Жител на демиркаписко село бил приведен откако го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници.
Неготино, 16 септември 2025 (МИА) - Жител на демиркаписко село бил приведен откако го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници.
- Синоќа во 23:40 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го приведоа А.П., на возраст од 50 години од село Корешница, демиркаписко, затоа што на улица „Ацо Аџи - Илов“ во Неготино го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени задачи, информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, како што појаснија од СВР - Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/бд/
Фото: МИА архива