• понеделник, 04 март 2024

Агенции на ОН: Дете умира на секои 10 минути; „хорор сцени“ во Газа

Агенции на ОН: Дете умира на секои 10 минути; „хорор сцени“ во Газа

Женева, 5 декември 2023 (МИА) - Безбедносната ситуација за цивилите во Појасот Газа „се влошува од час во час“, изјави Ричард Пиперкорн претставник на Светската здравствена организација за регионот преку видео врска од Рафа на границата со Египет. 
„Едно дете загинува на секои 10 минути во Газа“, рече Пиперкорн.

Џејмс Елдер, портпарол на детската организација на ОН, УНИЦЕФ, ги критикуваше израелските повици цивилите да напуштат одредени делови од регионот во одредени зони.

„Тоа се мали делови од пуста земја, или улички, или тротоари или полуизградени згради. Нема вода, нема капацитети, нема засолниште од студот и дождот, нема санитарни услови. Таканаречените безбедни зони се изложени на ризик да станат зони на болест“, рече тој.

„Израел имаше обврски како окупаторска сила да обезбеди храна, засолниште и лекови“, додаде тој.

Тој ги обвини израелските власти за „смртоносна“ рамнодушност кон децата и жените во Појасот Газа.

Пиперкорн опишал „хорор сцени“ во неколкуте преостанати болници, каде што имало двојно повеќе пациенти од креветите, а тешко повредените пациенти лежеле нелекувани на под. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан