Автомобил удрил во толпа луѓе во Њу Орлеанс
- Автомобил удри во група луѓе во Њу Орлеанс по што неколку лица се повредени, а според првичните информации има и загинати.

Њу Орлеанс, 1 јануари 2024 (МИА) – Автомобил удри во група луѓе во Њу Орлеанс по што неколку лица се повредени, а според првичните информации има и загинати.
Инцидентот се случил на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Тоа е улица позната по бројни барови и клубови.
Очевидци за Си-Би-Ес Њуз изјавиле дека автомобилот со голема брзина влетал во толпа луѓе, а потоа возачот излегол и почнал да пука со оружје, а полицијата возвратила.
Улицата е затворена и сите служби се на терен. јт/
Фото: Х скриншот