Австрија започнува постапки за одземање азил на сириски бегалци
- Според Федералната служба за имиграција и азил, падот на режимот на Башар ал Асад значи дека овие лица „повеќе не треба да се плашат од политички прогон“.
Виена, 19 декември 2024 (МИА) - Австриските власти започнаа постапки за одземање на правото на азил на сириски бегалци кои се во земјата помалку од пет години.
Според Федералната служба за имиграција и азил, падот на режимот на Башар ал Асад значи дека овие лица „повеќе не треба да се плашат од политички прогон“.
Во меѓувреме, Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации предупредува да не се брза со повиците бегалците да се вратат во својата татковина. Според ЕУ, условите за враќање во моментов не се достапни, пренесува електронската веб-страница на радио и телевизијата ОРФ и објавува информации врз основа на извештај на онлајн изданието на магазинот „Профил“.
Околу 40.000 лица во Австрија би можеле да бидат засегнати од оваа иницијатива, според австриските медиуми. На овие лице ќе им биде закажано ново интервју, на кое засегнатите лица мора да наведат дополнителни основи за давање азил и да докажат дека можат да се издржуваат себеси, дека имаат деца во училиште и дека се добро интегрирани. ссм/
фото: архива