• недела, 22 декември 2024

Австриски научници работат на нови начини за рециклирање батерии

Австриски научници работат на нови начини за рециклирање батерии

Виена, 1 април 2024 (МИА) - Австрискиот институт за технологија (АИТ) во Виена работи на развој на својата најнова иновација - батерии што може да се рециклираат.

Во борбата за поодржлива иднина, АИТ, инаку познат по своите слични иновации, сега се занимава со обмислување батерии од рециклирани материјали. На овој амбициозен проект работат 35 истражувачи. Целта е јасна - да се создадат батерии без употреба на проблематични суровини како литиум, никел и кобалт. 

Сегашните батерии може да бидат само 40 отсто рециклирани. И тие ќе се користат во прозводството, заедно со новите суровини, како што се отпадот од рудниците или силициумот од сончевите панели.

Главната цел е еколошки одржливо производство. Маркус Јан, раководител на одделот за истражување за батериите при АИТ, ја истакна важноста од намалување на употребата на вода, електрична енергија и гас во производниот процес за батерии. Покрај тоа, се истражуваат различни видови батерии што би можеле да најдат примена кај возила, електрични скутери и други направи и области.

Засега, конкретните резултати од истражувањето и развојот сѐ уште се нејасни, но едно е сигурно - АИТ и неговите партнери го отворија патот кон „зелените батерии“, сметаат познавачите. Ова е само почеток на она што се нарекува одржлива иднина, каде технологијата служи како двигател на промените за поеколошка утрешнина.  си/паг/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан