• недела, 22 декември 2024

Австралија назначи специјален пратеник за борба против антисемитизмот

Австралија назначи специјален пратеник за борба против антисемитизмот

Мелбурн, 9 јули 2024 (МИА) - Австралија ја назначи бизнисменката Џилијан Сегал за свој специјален пратеник за борба против антисемитизмот, во услови на зголемени тензии околу војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Сегал беше на чело на неколку клучни тела кои ја претставуваат еврејската заедница и имаше високи улоги во образовниот и банкарскиот сектор, јавува Би-Би-Си.

Со ова назначување Австралија го следеше примерот на земји како Соединетите Американски Држави, Канада, Грција и Велика Британија, кои со години имаат слични позиции.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека наскоро ќе биде назначен специјален пратеник за борба против исламофобијата. Конфликтот на Блискиот Исток стана важно политичко прашање во Австралија, поради протестите на еврејската и муслиманската заедница, како и поради наглото зголемување на исламофобијата и антисемитизмот.

-Австралијците се длабоко загрижени за овој конфликт (на Блискиот исток) и во вакви времиња, Австралијците мора да се држат заедно и да не се делат, рече Албанезе. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан