• недела, 22 декември 2024

Австралија ги повика своите граѓани да го напуштат Израел

Австралија ги повика своите граѓани да го напуштат Израел

Сиднеј, 15 октомври 2024 (МИА) - Австралија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Израел и ги повика Австралијците кои се таму да ја напуштат земјата додека се уште се достапни патничките летови.

Предупредувањата се издадени поради конфликтот меѓу Израел и либанското шиитско движење Хезболах, јавија австралиските медиуми.

„Австралиската влада е сериозно загрижена дека безбедносната ситуација во Израел и окупираните палестински територии може брзо да се влоши“, напиша австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг на социјалната мрежа Х.

Австралиската влада наведува дека заканата од воени и терористички напади против Израел и израелските интереси во регионот останува висока. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан