• вторник, 14 мај 2024

Австралија ги зголемува царините за сите увозни производи од Русија и од Белорусија

Австралија ги зголемува царините за сите увозни производи од Русија и од Белорусија
Канбера, 31 март 2022 (МИА) - Австралија ги зголемува царините за 35 отсто за сите увозни производи од Русија и од Белорусија, соопшти денеска Одделот за надворешни работи и трговија. Соопштеното се совпадна со обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во австралискиот Парламент, каде тој повика на дополнителни санкции за Русија. Зеленски зборуваше и за тоа што ќе биде по војната, па ги повика нациите и компаниите да инвестираат во обнова на Украина. бд/ми/

Остани поврзан