• недела, 21 јули 2024

Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие

Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие

Tирана, 22 мај 2024 (МИА) - Aвион кој летал на релација Лион-Истанбул попладнево околу 14 часот принудно слетал на меѓународниот аеродром во Тирана.

Според полицијата причина за тоа е обид на патник - авганистански државјанин да се самоубие за време на авионскиот лет.

- Лицето М.Н.(40) државјанин на Авганистан се обидел да се самоубие со сечење на вените на рацете со жилет.  Пренесен е во болница, каде му е укажана лекарска помош и моментално е во критична состојба, стои во полициското соопштение. вт/

Фото: МИА

Остани поврзан