• петок, 05 декември 2025

Авганистан: 76 загинати во судар на автобус со мигранти вратени од Иран

Авганистан: 76 загинати во судар на автобус со мигранти вратени од Иран

Кабул, 20 август 2025 (МИА) - Најмалку 76 лица, меѓу кои и деца, загинаа во западен Авганистан кога патнички автобус што превезувал репатрирани мигранти од Иран се судри со камион и мотоцикл, јавија државните медиуми.

По силниот удар, автобусот се запалил.

Несреќата се случила доцна синоќа на автопатот Херат–Ислам Кала во провинцијата Херат.

Локалните привремени талибански власти потврдија дека загинале 76 патници, а тројца повредени се пренесени во локални болници.

Според Ахмадула Мутаки, привремен директор за информации и култура на провинцијата, автобусот тргнал од Иран и од граничното подрачје Ислам Кала во Херат продолжил кон Кабул, главниот град. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан