Абдулразак Гурнах добитник на Нобеловата награда за литература
- Танзанскиот писател Абдулразак Гурнах ја доби Нобеловата награда за литература, соопшти Шведската академија во Стокхолм

Стокхолм, 7 октомври 2021 (МИА) - Танзанскиот писател Абдулразак Гурнах ја доби Нобеловата награда за литература, соопшти Шведската академија во Стокхолм.
Абдулразак Гурнах е роден во Занзибар во 1948 година, пишува на англиски јазик и живее во Велика Британија.
Гурнах беше награден за „бескомпромисен и сочувствителен приказ на ефектите од колонијализмот и судбината на бегалците“, нагалси Академијата.
Неговиот најпознат роман е „Парадајс“ (Paradise), кој во 1994 година се натпреваруваше за наградите Букер и Витбред.
Гирнах е четврти африкански писател добитник на Нобеловата награда за литература. ми/